САД ГИ СУСПЕНДИРААТ ИМИГРАНТСКИТЕ ВИЗИ ЗА 75 ДРЖАВИ, МЕЃУ КОИ И МАКЕДОНИЈА

    САД ГИ СУСПЕНДИРААТ ИМИГРАНТСКИТЕ ВИЗИ ЗА 75 ДРЖАВИ, МЕЃУ КОИ И МАКЕДОНИЈАПаузата ќе почне на 21 јануари (Фото: АП)

    Администрацијата на Доналд Трамп ја суспендира обработката на имигрантските визи за апликанти од 75 земји, потврди портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот. Одлуката ја опфаќа и Македонија, според листата на предложени земји, што во целост ја објави „Фокс њуз“.

    Пигот не даде детали за планот, што прв го објави „Фокс њуз“, кој се повика на меморандум од Стејт департментот.

    Од европските земји, покрај Македонија, на листата се наоѓаат и Албанија, Ерменија, Белорусија, БиХ, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора и Русија, како и Бразил, Иран, Кувајт, Нигерија, Пакистан, Тајланд, Тунис, Уругвај и други.

    Според „Фокс“, паузата ќе почне на 21 јануари.

    Обработката на имигрантските визи од овие 75 земји ќе биде паузирана додека Стејт департментот ги преиспитува процедурите за обработка на имиграцијата за да се спречи влезот на странски државјани кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции“, рече Пигот.

    Суспензијата се однесува само на имигрантските визи, како што се оние за вработување во САД. Таа не се однесува на студентските и туристичките визи, па нема да важи за оние кои сакаат да патуваат на Светското фудбалско првенство во САД ова лето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира