САД И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА РАКЕТИРАА ЦЕЛИ НА ХУТИТЕ ВО ЈЕМЕН

    САД И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА РАКЕТИРАА ЦЕЛИ НА ХУТИТЕ ВО ЈЕМЕНГермански воен брод испратен да патролира во Црвеното море. (Фото: ДПА)

    САД и Велика Британија извршија напади врз 19 цели на Хутите, вклучувајќи подземни складишта на ракети во Јемен во саботата, во најновата рунда на воена акција против групата поврзана со Иран, која што продолжува да напаѓа бродови во регионот.

    Нападите против Хутите на 8 локации, исто така, вклучуваат противвоздушни системи, радари и хеликоптери, се вели во заедничкото соопштение на САД и Велика Британија.

    „Четири Тајфуни ФГР4 на Кралските воздушни сили, поддржани од два воздушни танкери Војаџер, повторно учествуваа во коалициски напад на 24 февруари против воени инсталации на Хутите во Јемен, кои што извршуваа ракетни напади врз комерцијални бродови и коалициски воени бродови во јужното Црвено море и Аденскиот залив. Авионите на РАФ гаѓаа неколку цели на две локации“, велат од британското Министерство за одбрана.

    САД и Велика Британија, со поддршка од Австралија, Бахреин, Канада, Данска, Холандија и Нов Зеланд, вршат воздушни напади „со цел да ги нарушат и деградираат способностите на Хутите да ги загрозуваат глобалната трговија, бродовите и животите на невини морнари на една од најкритичните морски рути во светот“

    Од почетокот на војната во Газа, Хутите извршија над 45 напади на комерцијални и воени бродови во Црвеното море.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира