САД ЈА ОБВИНИЈА РУСИЈА ДЕКА КОРИСТИ ХЕМИСКО ОРУЖЈЕ ВО БОРБИТЕ ВО УКРАИНА

    САД ЈА ОБВИНИЈА РУСИЈА ДЕКА КОРИСТИ ХЕМИСКО ОРУЖЈЕ ВО БОРБИТЕ ВО УКРАИНАУкраински војници носат гас маски на симулација на хемиски напад во Доњецк (Фото: Њујорк тајмс)

    САД ја обвинија Русија дека користи хемиски оружја на бојното поле во Украина, чија употреба е забранета со меѓународните договори. Функционери од Стејт департментот кажаа дека руската војска го користи средството за гушење хлоропикрин за да напредува на фронтот, додавајќи дека не станува збор за изолиран инцидент.

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека руските трупи оваа година освоиле територија од 547 квадратни километри.

    Русија, која е една од 193 потписници на Конвенцијата за хемиски оружја, ги отфрли обвинувањата како неосновани, додавајќи дека се придржува до обврските кои произлегуваат од неа.

    САД велат дека руските сили користат хлоропикрин за да ги истераат Украинците од нивните утврдени позиции. Станува збор за мрсна супстанца која наголемо се користела во Првата светска војна и предизвикува иритација на белите дробови, очите и кожата, мачнина, повраќање и пролив.

    Вашингтон вели дека руските сили често користат и солзавец во војната. Украина кажа дека нејзините трупи се соочуваа со хемиски напади во изминатите месеци и дека Русија фрлала бомби со солзавец. Еден извештај вели дека околу 500 украински војници биле лекувани по изложеност на отровен гас, а еден и починал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира