САД ЈА ПРЕКРШИЈА ДОЛГОГОДИШНАТА ПОЛИТИКА И ПРВПАТ ДИРЕКТНО РАЗГОВАРАА СО ХАМАС

    САД ЈА ПРЕКРШИЈА ДОЛГОГОДИШНАТА ПОЛИТИКА И ПРВПАТ ДИРЕКТНО РАЗГОВАРАА СО ХАМАССАД го прогласија Хамас за терористичка организација во 1997 (Фото: АП)

    САД го прекршиле долготрајното дипломатско табу и одржале тајни директни разговори со Хамас за ослободување на преостанатите американски заложници во Газа, додека Доналд Трамп ѝ се закани на групата дека ќе се соочи со пекол ако не соработува. Од Белата куќа кажаа дека специјалниот претставник за заложници Адам Белер добил овластување да разговара со Хамас, со што беше прекршена неколку децении стара политика да не се преговара со групи што САД ги имаат означено како терористички организации.

    Белер и функционери на Хамас имале две директни средби во Доха во изминатите недели, кажаа два добро информирани извора. Не е познато кој го претставувал Хамас.

    Во Белата куќа, Трамп се сретна со американски граѓани кои беа ослободени од заложништвото во Газа во рамките на договорот за примирје, по што му упати нова остра закана на Хамас. Тој повика на моментално ослободување на сите заложници или Хамас е готов.

    Му испраќам на Израел се што е потребно за да ја заврши работата. Ниеден член на Хамас нема да биде безбеден ако не направите како што велам. До народот на Газа: ве чека прекрасна иднина, но не ако држите заложници. Донесете паметна одлука. Ослободете ги заложниците сега или ве чека пекол“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Тој веќе упати ваква закана пред да се врати во Белата куќа, а набргу потоа беше постигнат договор за примирје во Газа. Во Газа има уште 59 заложници, од кои 24 се живи. Меѓу нив има и американски државјани.

    САД долго време избегнуваа директно да комуницираат со Хамас, кој Стејт департментот го прогласи за терористичка организација во 1997.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира