САД НЕ ВЕРУВААТ ДЕКА РУСИЈА ИСПУКАЛА ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛЕН БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛ КОН УКРАИНА

    САД НЕ ВЕРУВААТ ДЕКА РУСИЈА ИСПУКАЛА ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛЕН БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛ КОН УКРАИНАМета на денешниот напад беше Днипро (Фото: Телеграм)

    Американски функционери ги оспоруваат тврдењата на Украина дека Русија испукала интерконтинентален балистички проектил во денешниот напад врз Днипро, што би бил прв таков случај од почетокот на војната. Тие велат дека, според првичните проценки, Русија лансирала балистички проектил со среден дострел, што можат да летаат меѓу 3.000 и 5.000 километри.

    Воздушните сили на Украина утрово соопштија дека проектилот бил лансиран од рускиот регион Астрахан, оддалечен 740 километри од Днипро. Министерството за надворешни работи на Украина кажа дека се чека експерти да потврдат дали навистина бил испукан интерконтинентален балистички проектил.

    Она што го знаеме е дека карактеристиките на летот одговараат на интерконтинентален балистички проектил. Ја повикуваме меѓународната заедница да реагира на употребата на овој нов тип на оружје. Ако биде потврдена употребата на интерконтинентален балистички проектил, тоа ќе значи дека Русија се спуштила на ниво на Северна Кореја“, изјави портпаролот на украинското МНР, Георги Тихи.

    Марија Захарова, портпаролката на руското МНР, не сакаше да ги коментира овие наводи.

    Марк Канкијан, виш советник во Центарот за стратешки и меѓународни студии, кажа дека САД би детектирале лансирање на ваков проектил од Русија.

    Видеоснимки сугерираат дека тоа бил балистички проектил поради аголот на падот, но не може да се каже дали бил интерконтинентален“, рече Канкијан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира