САД ПОГОДИЈА ПЕТ ИРАНСКИ ТАНКЕРИ И ПОТОПИЈА ЕДЕН, ИРАН ИСПУКА РАКЕТИ КОН ЈОРДАН

    САД ПОГОДИЈА ПЕТ ИРАНСКИ ТАНКЕРИ И ПОТОПИЈА ЕДЕН, ИРАН ИСПУКА РАКЕТИ КОН ЈОРДАНПоследната ескалација доаѓа откако Иран нападна американски воен брод со балистички ракети (Фото: АП)

    Американските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден, како одговор на тоа што Иран гаѓаше американски воен брод, соопшти Централната команда на САД (Центком).

    Четири ирански танкери поврзани со Иранската револуционерна гарда беа цел на нападот во Оманскиот Залив, како и еден во близина на островот Харг, голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, додаде Центком. Техеран одговори со лансирање ракети кон американската база во Јордан и рече дека нападнал два американски брода и осум танкери во Ормускиот Теснец.

    Јордан соопшти дека соборил 18 од 20-те ирански ракети, додека две паднале во ненаселени области.

    По предупредувањето за понатамошни одмазднички напади, Иранската револуционерна гарда кажа дека нападнала два американски брода, осум танкери и десет бродови кои неовластено се обидувале да поминат низ Ормускиот Теснец, објавија државните медиуми.

    Последната ескалација доаѓа откако Иран нападна американски воен брод со балистички ракети, за кои Центком соопшти дека биле успешно избегнати и немало повредени американски војници.

    Кон ескалацијата се придружија и јеменските хути, поддржани од Иран, кои вчера нападнаа цивилна и енергетска инфраструктура во Саудиска Арабија, која е сојузник на САД.

    Запрашан за најновите напади помеѓу САД и Иран, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека ситуацијата е прилично едноставна.

    „Иран продолжува да се обидува да напаѓа американски воени бродови. И секој пат кога ќе го направат тоа или ќе се обидат да го направат тоа, ќе изгубат танкери“, рече Рубио.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира