САД Ѝ ПОМОГНАЛЕ НА УКРАИНА ДА ГО ПОТОПИ РУСКИОТ ВОЕН БРОД „МОСКВА“

    САД Ѝ ПОМОГНАЛЕ НА УКРАИНА ДА ГО ПОТОПИ РУСКИОТ ВОЕН БРОД „МОСКВА“Русија тврди дека бродот потонал откако пожар предизвикал експлозија на муницијата (Фото: АП)

    САД обезбедиле разузнавачки информации кои ѝ помогнале на украинската војска да го потопи рускиот брод „Москва“, објавија американските медиуми. Неименувани функционери кажаа дека Украина го прашала Вашингтон за бродот што плови јужно од Одеса, а откако ѝ било кажано дека е „Москва“ и била потврдена неговата локација, тој бил погоден со два украински проектила. Пентагон не ги коментираше овие извештаи, но неговиот портпарол кажа дека САД ѝ дале разузнавачки податоци на Украина за да може да се брани.

    Неименувани американски функционери изјавија дека не знаеле дека украинската војска ќе го гаѓа бродот откако ја добила неговата локација. Потопувањето на „Москва“ беше голем воен и симболички удар за Москва.

    Руското министерство за одбрана, пак, кажа дека бродот потонал откако пожар предизвикал експлозија на муницијата.

    Пентагон ги негираше претходните извештаи дека САД ѝ помогнале на Украина да убива руски генерали, давајќи ѝ податоци за нивната локација.

    „САД не учествуваа во донесувањето одлуки за убивање на високи руски воени офицери. Украина ги комбинира информациите што ги добива од САД и други со сопствените информации од бојно поле. Потоа сама носи одлуки за своите акции“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира