САД ПОТВРДИЈА ДЕКА СО ТОРПЕДО ГО ПОТОПИЛЕ ИРАНСКИОТ ВОЕН БРОД КАЈ ШРИ ЛАНКА, НАЈМАЛКУ 80 ЗАГИНАТИ

    САД ПОТВРДИЈА ДЕКА СО ТОРПЕДО ГО ПОТОПИЛЕ ИРАНСКИОТ ВОЕН БРОД КАЈ ШРИ ЛАНКА, НАЈМАЛКУ 80 ЗАГИНАТИМинистерот Хегсет кажа дека бродот бил погоден во меѓународните води (Фото: АП)

    Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет потврди дека САД потопиле ирански воен брод во Индискиот Океан. Хегсет не го кажа името на бродот, но морнарицата на Шри Ланка објави дека иранскиот брод „ИРИС Дена“ потонал во Индискиот Океан и дека притоа загинале најмалку 80 луѓе.

    Бродот мислеше дека е безбеден во меѓународните води. Место тоа, беше потопен со торпедо од подморница“, кажа Хегсет.

    На бродот, кој бил еден од најновите во иранската морнарица, имало околу 180 морнари. Шри Ланка претходно кажа дека околу 140 луѓе се водат како исчезнати, а само 35 биле спасени.

    Бродот одел накај Иран откако учествувал во поморска вежба во Индија. Тој бил потопен надвор од територијалните води на Шри Ланка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира