САД ПОТВРДИЈА ДЕКА ВО ВЧЕРАШНИОТ НАПАД НА КИЕВ БИЛ ОШТЕТЕН ПРОТИВВОЗДУШЕН СИСТЕМ „ПАТРИОТ“

    САД ПОТВРДИЈА ДЕКА ВО ВЧЕРАШНИОТ НАПАД НА КИЕВ БИЛ ОШТЕТЕН ПРОТИВВОЗДУШЕН СИСТЕМ „ПАТРИОТ“„Патриот“ се смета за еден од најнапредните американски противвоздушни системи (Фото: ЕПА)

    Двајца американски функционери потврдија дека американски противвоздушен систем „патриот“ бил оштетен во вчерашното руско ракетирање на Киев, но се чини дека не е уништен. „Патриот“ е најнапредниот одбранбен систем што Украина го има добиено од западот од почетокот на војната.

    Еден функционер, кој побара да остана анонимен, изјави дека Вашингтон и Киев веќе разговараат за начините за поправка на системот и во овој момент немало потреба од неговото носење надвор од Украина.

    Во следните денови ќе имаме појасна ситуација и повеќе информации“, рекол тој.

    Патриот“ се смета за еден од најнапредните американски противвоздушни системи, кој е способен да соборува авиони и крстосувачки и балистички проектили. Тој доаѓа со лансер, радар и други придружни возила и за разлика од другите вакви системи, не е мобилен, туку е стациониран во едно место.

    Руското министерство за одбрана вчера соопшти дека уништиле „патриот“ со хиперсоничен проектил „кинжал“. Украина кажа дека во вчерашниот руски напад соборила 18 руски проектили, меѓу кои и шест „кинжали“.

    Украина досега има добиено два система „патриот“, еден од САД, а другиот заеднички го донираа Германија и Холандија. Овој систем има моќен радар за детектирање проектили на голема далечина, но радарската емисија истовремено му овозможува на непријателот да ја лоцира батеријата на „патриот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира