САД ПРИВРЕМЕНО ГО ПОВЛЕКУВААТ НОСАЧОТ НА АВИОНИ „ЏЕРАЛД ФОРД“ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК ПОРАДИ ПОЖАР

    САД ПРИВРЕМЕНО ГО ПОВЛЕКУВААТ НОСАЧОТ НА АВИОНИ „ЏЕРАЛД ФОРД“ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК ПОРАДИ ПОЖАРРечиси 200 морнари примиле лекарска помош поради вдишување чад откако избувнал пожар во главната перална (Фото: Гети)

    Најголемиот носач на авиони на светот „Џералд Форд“, што САД го распоредија на Блискиот Исток за војната со Иран, привремено ќе биде префрлен во пристаниште поради пожар на палубата, изјавија американски функционери. Бродот моментално се наоѓа во Црвеното Море и се очекува да биде повлечен во грчкото пристаниште Суда на островот Крит.

    „Џералд Форд“, најновиот американски носач на авиони, е распореден веќе девет месеци, откако прво учествуваше во операциите против Венецуела, по што се упати кон Блиски Исток. Засега не е познато колку долго ќе остане на Крит.

    Еден функционер кажа дека речиси 200 морнари примиле лекарска помош поради вдишување чад, откако избувнал пожар во главната перална. Гаснењето на пожарот траело со часови, при што еден морнар бил префрлен со хеликоптер во болница поради повреди. Во пожарот биле уништени 100 кревети на посадата.

    На „Џералд Форд“ се стационирани речиси 5.000 морнари и повеќе од 75 воени летала, вклучувајќи борбени авиони. Бродот е опремен со софистициран радар кој може да помогне во контролата на авиосообраќајот и навигацијата.

    Според „Њујорк тајмс“, „Џералд Форд“ би можел да биде заменет со носачот „Џорџ Буш“, кој се спремал да тргне кон Блиски Исток.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира