САД ПРВПАТ ОБЈАВИЈА ДЕКА СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ВОЈНИЦИ ЗАГИНАЛЕ ВО БОРБИТЕ ПРОТИВ УКРАИНА

    САД ПРВПАТ ОБЈАВИЈА ДЕКА СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ВОЈНИЦИ ЗАГИНАЛЕ ВО БОРБИТЕ ПРОТИВ УКРАИНАСевернокорејските трупи немаат никакво претходно борбено искуство (Фото: Гети)

    Севернокорејски војници загинале во борбите против украинските сили во рускиот регион Курск, објавија САД. Тоа се први регистрирани жртви меѓу севернокорејските војници откако во октомври се дозна дека Пјонгјанг испратил околу 10.000 војници како засилување за руската војска.

    Украинската воена разузнавачка служба претходно кажа дека најмалку 30 севернокорејски војници загинале или биле ранети во борбите викендов.

    Севернокорејските трупи немаат никакво претходно борбено искуство. Се верува дека тие ги поминале првите недели по доаѓањето во Русија на обука и како поддршка.

    Веруваме дека севернокорејски војници се вклучени во борбите во Курск покрај руските сили и дека имале жртви, како ранети, така и загинати. Тие се борат помалку од една недела“, изјави портпаролот на Пентагон, генерал-мајорот Пет Рајдер.

    Тој додаде дека тие се користат како пешадија во Курск и досега нема назнаки дека се распоредени и на територијата на Украина.

    Во саботата, украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека Русија почнала да користи значаен број севернокорејски војници во своите напади во Курск, чии делови се окупирани од Украина уште од август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира