САД ТРИ ДЕНА РАЗГОВАРАА СО УКРАИНА И РУСИЈА ВО МАЈАМИ БЕЗ ДА СЕ ПОСТИГНЕ НАПРЕДОК ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА

    САД ТРИ ДЕНА РАЗГОВАРАА СО УКРАИНА И РУСИЈА ВО МАЈАМИ БЕЗ ДА СЕ ПОСТИГНЕ НАПРЕДОК ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТАГлавниот американски преговарач Стив Виткоф кажа дека разговорите со двете страни биле продуктивни (Фото: АП)

    Американските и украинските преговарачи, предводени од Стив Виткоф и Рустем Умеров, кажаа дека имале продуктивни и конструктивни тридневни разговори во Мајами, но не бил постигнат голем напредок во напорите да се заврши војната во Украина.

    Двајцата рекоа дека состанокот се фокусирал на усогласување на ставовите за план од 20 точки, мултилатерална рамка за безбедносни гаранции, рамка за американски безбедносни гаранции за Украина и на план за економија и просперитет. Во Мајами се одржуваа и одделни разговори помеѓу Виткоф и руски претставници, на чело со Кирил Дмитриев.

    Нашиот заеднички приоритет е да го запреме убивањето, да обезбедиме загарантирана безбедност и да создадеме услови за закрепнување, стабилност и долгорочен просперитет на Украина“, се наведува во соопштението на Виткоф и Умеров.

    Виткоф изјави дека и разговорите со руските претставници биле продуктивни и дека Русија останува целосно посветена кон постигнување мир во Украина.

    Трамп ги притиска Украина и Русија да склучат мир, но двете земји досега не успеаја да ги решат клучните прашања. Во исто време, американските разузнавачи предупредуваат дека Владимир Путин не планира да запре на Украина, туку сака да освои и делови од Европа кои порано му припаѓале на советскиот блок. На својата годишна прес-конференција во петокот, Путин кажа дека нема да има други војни после Украина ако Русија се третира со почит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира