САД ВЕЛАТ ДЕКА КУВАЈТ ПО ГРЕШКА СОБОРИЛ ТРИ АМЕРИКАНСКИ БОРБЕНИ АВИОНИ

    САД ВЕЛАТ ДЕКА КУВАЈТ ПО ГРЕШКА СОБОРИЛ ТРИ АМЕРИКАНСКИ БОРБЕНИ АВИОНИСите шестмина членови на екипажите се спасени (Фото: АП)

    Американската војска потврди дека три американски борбени авиони биле соборени во Кувајт за време на операцијата „Епски бес“, но дека инцидентите се резултат на „пријателски оган“. Централната команда соопшти дека трите авиони „Ф-15Е“ биле погодени по грешка од кувајтската противвоздушна одбрана.

    „Сите шестмина членови на екипажите навреме се катапултирале, тие се на безбедно и во стабилна состојба. Причината за инцидентот се истражува“, објави војската.

    Кувајтското министерство за одбрана претходно објави дека се соборени неколку американски борбени авиони и дека пилотите се спасени, без да ги открие околностите.

    Иранската државна телевизија тврдеше дека Иран гаѓал еден од авионите што се урнаа во Кувајт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира