САД ВОВЕДОА ОГРАНИЧУВАЊА ЗА ПАТУВАЊЕ ЗА УНГАРСКИТЕ ГРАЃАНИ ОТКАКО УНГАРИЈА ИМ ДАЛА ПАСОШ НА МИЛИОН СТРАНЦИ

    САД ВОВЕДОА ОГРАНИЧУВАЊА ЗА ПАТУВАЊЕ ЗА УНГАРСКИТЕ ГРАЃАНИ ОТКАКО УНГАРИЈА ИМ ДАЛА ПАСОШ НА МИЛИОН СТРАНЦИУнгарија е меѓу 40-те држави чии граѓани без виза можат да патуваат во САД (Фото: АП)

    САД воведоа нови ограничувања за патување за унгарските граѓани поради загриженоста околу идентитетот на речиси еден милион странци на кои им биле издадени унгарски пасоши во последните десет години. Ограничувањата се однесуваат на американската Програма за укинување визи, која им овозможува на граѓаните од 40 држави да престојуваат во САД без виза до 90 дена.

    Периодот на валидност на патување во САД сега е намален од две на една година за сопствениците на унгарски пасош и дозволен им е само еден влез во земјата.

    „Стотици илјади унгарски пасоши биле издадени без да се направи строга проверка на идентитетот, што вклучува и криминалци кои претставуваат безбедносна закана и немаат никаква врска со Унгарија“, изјави еден американски функционер.

    Унгарската влада во 2011 година почна да нуди поедноставена постапка за натурализација на оние кои тврдат дека имаат унгарско потекло, иако никогаш не живееле, ниту планираат да живеат во Унгарија. На тој начин, државјанство добиле стотици илјади Унгарци кои живеат во соседните земји, главно во Романија, Србија и Украина.

    „Администрацијата на Џо Бајден им се одмазува на Унгарците зашто беше одбиено нејзиното барање да се достават личните податоци на етничките Унгарци со двојно државјанство кои живеат во странство“, соопшти унгарското министерство за надворешни работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира