САМО СО ИНОВАТИВНИ НАЧИНИ НА ВОЈУВАЊЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОБЕДИ РУСИЈА, ВЕЛИ НОВИОТ ЗАПОВЕДНИК НА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ОЛЕКСАНДР СИРСКИ

    САМО СО ИНОВАТИВНИ НАЧИНИ НА ВОЈУВАЊЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОБЕДИ РУСИЈА, ВЕЛИ НОВИОТ ЗАПОВЕДНИК НА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ОЛЕКСАНДР СИРСКИПо почетокот на руската инвазија, Сирски беше еден од главните архитекти на одбраната на Киев (Фото: АП)

    Украинската војска мора да се прилагоди и да најде иновативни начини на борба против руските агресори, изјави нејзиниот нов заповедник Олександр Сирски, кој пред два дена ја презеде функцијата од Валери Залужни. Назначувањето на генерал-полковникот Сирски, кој досега раководеше со копнените сили, е најголемата промена во украинската војска од почетокот на војната пред речиси две години и дојде по зголемените тензии помеѓу Залужни и претседателот Зеленски.

    Единствено промените и постојаното подобрување на средствата и методите на војување ќе овозможат да се постигне успех на фронтот. Дроновите и електронското војување се примери на новата технологија која би можела да ѝ помогне на Украина да извојува победа“, изјави Сирски.

    Промената во врвот на военото заповедништво дојде во тежок момент за Украина, која нема ослободено значајна територија од крајот на 2022 и се соочува со недостиг на муниција. Руските сили сега се во офанзива долж фронтот и по неколку месеци крвави борби се на прагот да го заземат веќе уништениот источен град Авдивка.

    Роден во Русија во 1965, Сирски служел пет години во советската војска и бил млад офицер стациониран во Украина кога се случи распадот на Советскиот Сојуз. Тој потоа се придружил на украинската војска и ги координирал напорите за потиснување на проруските бунтовници во источна Украина во 2014. По почетокот на руската инвазија, Сирски беше еден од главните архитекти на одбраната на Киев, за што го прими медалот Херој на Украина. Ја надгледуваше и успешната противофанзива во регионот Харкив и потоа ја предводеше повеќемесечната одбрана на градовите Соледар и Бахмут.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира