САНТА ОД 315 МИЛИЈАРДИ ТОНИ СЕ ОТКИНА ОД АНТАРКТИК

    САНТА ОД 315 МИЛИЈАРДИ ТОНИ СЕ ОТКИНА ОД АНТАРКТИКСнимките што ги направи сателитскиот систем на Европската Унија „Сентинел-1“ ја покажуваат големината на откинатата санта (Фото: Коперникус)

    Санта тешка 315 милијарди тони се откина од ледениот гребен Ејмери на Антарктик. Наречена Д28, таа има површина од 1.636 квадратни километри и поради својата големина ќе мора да се набљудува и следи зашто во иднина би можела да претставува опасност за бродови.

    Ова е најголемата санта која се откинала од Ејмери во последните половина век. Ејмери е третиот најголем леден гребен на Антарктик и клучен дренажен канал на неговиот источен дел.

    Научниците со години беа свесни дека ова ќе се случи и овој дел од Ејмери го нарекоа Лабав Заб. Професорката Хелен Фрикер уште во 2002 предвидела дека Лабав Заб ќе отпадне некаде меѓу 2010 и 2015 година.

    „Возбудена сум што го гледам овој настан по толку многу години. Знаевме дека еднаш ќе се случи, но не се случи таму каде што очекувавме. Сепак, не треба да бидеме загрижени за овој леден гребен“, кажа Фрикер.

    Се проценува дека Д28 е 210 метри дебел и дека содржи 315 милијарди тони мраз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира