САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ПОКАЖУВААТ СЕРИОЗНИ ШТЕТИ НА ИРАНСКАТА НУКЛЕАРНА ПОСТРОЈКА ФОРДО ПО АМЕРИКАНСКИОТ НАПАД, НО УРАНИУМОТ МОЖЕБИ ПРЕТХОДНО БИЛ ПРЕМЕСТЕН

    САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ПОКАЖУВААТ СЕРИОЗНИ ШТЕТИ НА ИРАНСКАТА НУКЛЕАРНА ПОСТРОЈКА ФОРДО ПО АМЕРИКАНСКИОТ НАПАД, НО УРАНИУМОТ МОЖЕБИ ПРЕТХОДНО БИЛ ПРЕМЕСТЕНСателитските снимки покажуваат шест дупки таму каде што американските бомби ја пробиле планината (Фото: Максар)

    Комерцијални сателитски смимки покажуваат дека американскиот напад врз силно чуваната иранска нуклеарна постројка Фордо сериозно го оштетил, ако не и уништил подземниот комплекс, вклучувајќи ги и центрифугите за збогатување ураниум, велат експерти, но засега нема потврда за ова. Фордо се смета за клучен за иранската нуклеарна програма и бидејќи е сместен во планини, 90 метри под површината на земјата, само САД имаа доволно моќна бомба за да го погодат.

    Тие го пробиле со бомбите за разбивање бункери. Би очекувал објектот да е спржен“, изјави Дејвид Олбрајт, поранешен нуклеарен инспектор на Обединетите нации, кој го предводи Институтот за наука и меѓународна безбедност.

    Сепак, потврда за подземните уништувања не може да се даде, додаде Декер Евелет, истражувач специјализиран за сателитски снимки.

    Салата во која се сместени стотици центрифуги се наоѓа предлабоко за да се процени нивото на уништувања само врз основа на сателитски снимки“, рече Евелет.

    Сателитските снимки покажуваат шест дупки таму каде што американските бомби ја пробиле планината, како и растурена земја.

    Некои експерти веруваат дека Иран веројатно ги префрлил залихите на високо збогатен ураниум од Фордо пред нападот во неделата наутро и можеби ги крие на локации непознати за Израел, САД и инспекторите на ОН. Тие велат дека сателитски снимки на „Максар“ покажале „невообичаени активности“ во Фордо во четвртокот и петокот, со долга редица возила пред влезот во објектот.

    Американските напади предизвикаа монументална штета на сите погодени ирански нуклеарни постројки. Уништување е поточен израз. Најголемата штета е направена во подземното ниво. Тоа беше погодок во центар“, напиша Трамп на својата социјална мрежа ноќеска.

    Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет вчера изјави дека американските воени напади врз иранските нуклеарни постројки беа неверојатен и огромен успех.

    Нуклеарните амбиции на Иран се уништени. Операцијата што ја планираше претседателот Трамп беше смела и брилијантна, покажувајќи му на светот дека се врати американската превентивност“, рече Хегсет.

    Иран и Израел и ноќеска продолжија меѓусебно да се бомбардираат, додека светот го чека иранскиот одговор на американските напади. Иран вчера вети дека ќе се брани и одмазди, додека Трамп ја покрена идејата за промена на режимот на Исламската Република.

    Иран нека заборави на одмазда. Владата сега мора да склучи мир, инаку идните напади ќе бидат уште посилни и полесни. Ако сегашниот ирански режим не може да го направи Иран повторно голем, зошто да нема промена на режимот“, кажа Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира