Саудиски принц беше егзекутиран за убиство на сонародник за време на тепачка пред три години, соопшти министерството за внатрешни работи. Принцот Турки бин Сауд ал-Кабир беше погубен во главниот град Ријад, без да бидат откриени детали на кој начин, но најчесто осудениците се обезглавуваат.
Принцот е 134. личност погубена годинава во Саудиска Арабија, според листа составена од агенцијата АФП. Сепак, ретко се случува да бидат егзекутирани членови на кралската фамилија. Во најавата за егзекуцијата, министерството за внатрешни кажа дека сака да ги осигура сите дека владата е решена да ги зачува безбедноста и правдата.
Семејството на жртвата ги одби понудите за компензација со „крвави пари“ со кои за возврат би се откажало од барање смртна казна, јави „Ал-Арабија“.
Најголем дел од погубените во Саудиска Арабија се осудени за убиства и шверц на дрога, но речиси 50 лица беа егзекутирани во еден ден во јануари за тероризам, вклучувајќи го познатиот шиитски свештеник Шеикот Нимр ал-Нимр.