СЕ ПРЕДАДЕ МАЖОТ КОЈ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ УРНЕ АВИОН ВО ГРАД ВО МИСИСИПИ

    СЕ ПРЕДАДЕ МАЖОТ КОЈ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ УРНЕ АВИОН ВО ГРАД ВО МИСИСИПИАвионот слетал во едно поле, по што пилотот бил уапсен (Фото: Твитер)

    Мажот кој украде авион и се закани дека ќе го урне во град во Мисисипи безбедно слета и се предаде на полицијата по неколкучасовната драма. Гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс, изјави дека никој не е повреден.

    Супермаркет на „Волмарт“ и уште една соседна продавница во градот Тапело беа евакуирани откако пилотот се закани дека таму ќе го урне украдениот авион. Тој слетал во едно поле, по што бил уапсен.

    Полицијата соопшти дека авионот од типот „кинг ер“ кружел над Тапело од пет часот по локално време и ја опиша ситуацијата како опасна. Пилотот се јавил на телефонскиот број за итни случаи 911 и се заканил дека намерно ќе го урне авионот во „Волмарт“.

    Тој кружел над Тапело околу три часа пред да се упати кон околните рурални заедници.

    Неколку федерални агенции го истражуваат инцидентот со цел да се утврди мотивот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира