СЕ РАСПУШТИ МИЛИТАНТНАТА КУРДИСТАНТСКА РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА

    СЕ РАСПУШТИ МИЛИТАНТНАТА КУРДИСТАНТСКА РАБОТНИЧКА ПАРТИЈАПКК ја динесе одлуката на конгресот кој следеше по повикот да се распушти упатен од нејзиниот затворен водач Абдула Оџалан во февруари. (Фото: Ројтерс)

    Милитантната група Курдистанска работничка партија (ПКК), која е во крвав конфликт со турската држава повеќе од четири децении, одлучи да се распушти и да ја прекине својата вооружена борба, објави во денеска новинска агенција блиска до групата. Одлуката на ПКК треба да има далекусежни политички и безбедносни последици за регионот, меѓу кои и во соседен Ирак и во Сирија, каде курдските сили се сојузници со американските сили.

    Повеќе од 40.000 луѓе се убиени во конфликтот откако ПКК го започна бунтот во 1984. Таа е прогласена за терористичка група од Турција и нејзините западни сојузници.

    „ПКК ја заврши својата историска мисија“, рече групата, според новинската агенција Фират, која ја објави, како што рече, завршната декларација на конгресот што ПКК го одржа минатата недела во северен Ирак, каде што се наоѓа.

    ПКК го одржа конгресот како одговор на повикот да се распушти упатен од нејзиниот затворен водач Абдула Оџалан во февруари.

    „12-тиот конгрес на ПКК одлучи да ја распушти организациската структура на ПКК, при што практичниот процес ќе биде раководен и спроведен од водачот Апо, и да се стави крај на методот на вооружена борба“, се вели во соопштението, користејќи го прекарот на Оџалан. „Борбата на ПКК ја скрши политиката на негирање и уништување на нашиот народ и го доведе курдското прашање до точка на негово решавање преку демократска политика“, се вели во соопштението.

    Одлуката на ПКК ќе му даде можност на претседателот Реџеп Таип Ердоган да го поттикне развојот на главно курдскиот југоисток, каде што бунтот со децении ја хендикепираше регионалната економија. Омер Челик, портпарол на владејачката АК партија на Ердоган, рече дека одлуката на ПКК за распуштање е „важен чекор кон Турција без тероризам“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира