СЕ ТРАГА ПО УШТЕ 60 ЛУЃЕ ОД ПОТОПЕНИОТ ИРАНСКИ БРОД КАЈ ШРИ ЛАНКА, ИРАН ВЕЛИ ДЕКА САД ЌЕ ЗАЖАЛАТ ЗА ОВА

    СЕ ТРАГА ПО УШТЕ 60 ЛУЃЕ ОД ПОТОПЕНИОТ ИРАНСКИ БРОД КАЈ ШРИ ЛАНКА, ИРАН ВЕЛИ ДЕКА САД ЌЕ ЗАЖАЛАТ ЗА ОВАДосега се пронајдени 87 тела од бродот на кој имало околу 180 луѓе (Фото: АП)

    Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи порача дека САД горчливо ќе зажалат за преседанот што го поставија откако американска подморница потопи ирански воен брод покрај брегот на Шри Ланка. Овие коментари се првата потврда од иранската влада за потонувањето на бродот „ИРИС Дена“ во Индискиот Океан, илјадници километри од Персискиот Залив.

    Бродот на кој имало околу 180 луѓе се враќал од поморска вежба во Индија кога бил погоден со торпедо во меѓународните води близу Шри Ланка. Досега се пронајдени 87 тела, околу 60 луѓе и натаму се водат како исчезнати, а спасени се само 32 морнари, кои со лесни повреди се префрлени во болница во градот Гале во Шри Ланка.

    САД извршија злосторство на море, над 3.000 километри од брегот на Иран. Фрегатата ‘Дена‘, која беше гостин на индиската морнарица, беше погодена во меѓународни води без предупредување. Запомнете ги моите зборови: САД горчливо ќе зажалат за преседанот што го поставија“, рече Аракчи.

    Иранската државна телевизија пренесе порака од ајатолахот Абдолах Џавади Амоли, кој повика на пролевање крв на Израелците и Доналд Трамп.

    Сега сме на прагот на голем тест и мора да бидеме внимателни целосно да го зачуваме ова единство, целосно да го зачуваме овој сојуз“, рече Амоли во редок повик на насилство од ајатолах.

    Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет вчера потврди дека САД потопиле ирански воен брод во Индискиот Океан,

    Бродот мислеше дека е безбеден во меѓународните води. Место тоа, беше потопен со торпедо“, кажа Хегсет.

    Ова беше првпат од Втората светска војна Американците да уништат непријателски брод на овој начин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира