Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ќе го укине вообичаениот поздрав со „дами и господа“ за патничките и патниците и наместо тоа, ќе користи родово неутрални термини, изјави портпаролот на авиокомпанијата.
Регулативата се однесува на сите подружници на авиокомпанијата, вклучувајќи ги „Остријан“, „Еуровингс“, „Свис“ и „Браселс“.
„За нас е важно да ги земеме предвид сите форми на обраќање“, рече портпаролот.
Изразите како „Имајте убав ден“, „Добровечер“ и „Добредојдовте“, ќе може да се користат, но за тоа одлуката ќе ја донесе шефот на екипжот.