ПРЕМИЕРОТ НА ЕРМЕНИЈА ПОНУДИ ДА ПОКАЖЕ ДЕКА НЕ МУ Е ОБРЕЖАН ПЕНИСОТ КАКО ДОКАЗ ДЕКА Е ХРИСТИЈАНИН, ВО СУДИР МЕЃУ ЦРКВАТА И ДРЖАВАТА

    ПРЕМИЕРОТ НА ЕРМЕНИЈА ПОНУДИ ДА ПОКАЖЕ ДЕКА НЕ МУ Е ОБРЕЖАН ПЕНИСОТ КАКО ДОКАЗ ДЕКА Е ХРИСТИЈАНИН, ВО СУДИР МЕЃУ ЦРКВАТА И ДРЖАВАТАСудирот започна кон крајот на мај кога Пашињан го обвини поглаварот на Ерменската апостолска црква дека добил дете (Фото: Гети)

    Спорот помеѓу ерменскиот премиер Никол Пашињан и Ерменската апостолска црква резултираше со масовни апсења и со обвинувања за обид за државен удар, а Пашињан сега понуди да го покаже својот пенис за да докаже дека е христијанин.

    Тој оваа недела на Фејсбук, каде што го следат 1,1 милион луѓе, објави дека е спремен да се соблече гол пред шефот на црквата и нејзиниот портпарол за да ги демантира нивните тврдења дека е обрежан. Црквата стана гласен противник на владата откако Ерменија ја изгуби војната со Азербејџан во 2020.

    Пашињан понуди да го покаже својот пенис во јавност откако свештеник од југозападниот град Масис го обвини дека е обрежан, го спореди со Јуда и кажа дека не е христијанин.

    „Верувам дека нашата света црква мора веднаш да се исчисти од оние лажни верници кои ја предадоа нацијата, го обесчестија споменот на своите предци и го заменија печатот на светиот крст со знакот на обрежување“, рече отец Зарех Ашурјан.

    Судирот помеѓу црквата и државата започна кон крајот на мај кога премиерот го обвини поглаварот на Ерменската апостолска црква, Карекин Втори, дека го прекршил заветот за целибат и добил дете, барајќи негова смена. Црквата потоа го обвини Пашињан за поткопување на духовното единство на Ерменија, но не се осврна на тврдењето за детето.

    Кризата ескалираше во средата, кога безбедносните служби приведоа 16 лица, вклучувајќи го и надбискупот Баграт Галстањан, кој го предводи опозициското движење „Света борба“. Тие се соочуваат со обвиненија за планирање терористички акти за преземање на власта. Меѓу приведените се еден опозициски политичар, поранешен пратеник, бизнисмен и блогер.

    Истражниот комитет на Ерменија тврди дека тие планирале да формираат 250 напаѓачки групи со по 25 члена, за да вршат напади и да предизвикуваат масовни немири.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира