СЕ ЗГОЛЕМУВА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ГЕРМАНИЈА, ВО СИТЕ 16 ПОКРАИНИ

    СЕ ЗГОЛЕМУВА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ГЕРМАНИЈА, ВО СИТЕ 16 ПОКРАИНИСпоред прогнозите, невработеноста најмногу ќе порасне во покраината Баден-Виртенберг, и тоа за 6,6 отсто. (Фото: ДПА)

    Бројот на невработени во Германија расте поради слабоста на домашната економија и тоа ќе продолжи годинава во сите 16 германски покраини, се вели во студија на Институтот за истражување на пазарот на трудот и занимања.

    Според прогнозата на студијата, објавена неделава, невработеноста најмногу ќе порасне во покраината Баден-Виртенберг, и тоа за 6,6 отсто. Следуваат Хамбург со 6,1 отсто и Баварија со 5,8 отсто.

    Најмало зголемување на невработените Институтот очекува во Долна Саксонија (2,9 отсто) и во Северна Рајна-Вестфалија (3 отсто).

    Сепак, дел од овие покраини имаат и најмала невработеност. Во Баварија, невработени се 3,5 отсто, а во Баден-Виртенберг 4,1 отсто. За разлика од нив, стапката на невработеност во Бремен е 11 отсто, а во Берлин 9,4 отсто.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира