СЕДУММИНА НАВИВАЧИ НА ГРЧКИ ПАОК ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО РОМАНИЈА ДОДЕКА ОДЕЛЕ НА НАТПРЕВАР ВО ЛИОН

    СЕДУММИНА НАВИВАЧИ НА ГРЧКИ ПАОК ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО РОМАНИЈА ДОДЕКА ОДЕЛЕ НА НАТПРЕВАР ВО ЛИОНКомбето со навивачите претекнувало друго возило, кога директно се судрило со камион

    Седуммина навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК загинаа во сообраќајна несреќа во Романија додека патувале на натпревар во Франција, потврди грчката амбасада во Букурешт.

    Комбето со десет луѓе тргнало од Грција, а крајната дестинација бил Лион, каде што солунскиот клуб ќе игра меч од Лига Европа в четврток. Тројцата повредени се во свесна состојба и се превезени во Универзитетската болница во Темишвар, околу 100 километри западно од местото на несреќата.

    Грчката новинска агенција АМНА објави дека повеќето од загинатите се млади луѓе во 20-ти години.

    Според локалните медиуми, несреќата се случила кога комбето со навивачите претекнувало друго возило, при што директно се судрило со камион.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира