СЕКОЈ ШЕСТИ ТИНЕЈЏЕР ДОЖИВЕАЛ МАЛТРЕТИРАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ НА СЗО

    СЕКОЈ ШЕСТИ ТИНЕЈЏЕР ДОЖИВЕАЛ МАЛТРЕТИРАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ НА СЗОСтудијата опфатила над 279.000 млади луѓе од 44 земји и региони. (Фото: Гети)

    Секој шести адолесцент доживеал сајбер-малтретирање, покажа меѓународна студија. Повеќе деца на училишна возраст рекле дека биле сајбер-малтретирани отколку пред пандемијата, се вели во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО). Студијата опфатила над 279.000 млади луѓе од 44 земји и региони.

    Во Велс, каде беа анкетирани речиси 37.000 млади луѓе, 17% изјавиле дека доживеале сајбер-малтретирање. Истражувањето за здравственото однесување кај децата на училишна возраст сугерира дека процентот на адолесценти кои рекле дека биле сајбер-малтретирани е зголемен од 2018, од 12% на 15% за момчињата и 13% на 16% за девојчињата.

    Во Англија, каде што беа анкетирани повеќе од 4.200 млади луѓе, скоро секој петти (19%) изјавил дека бил сајбер-малтретирање барем еднаш или двапати во изминатите неколку месеци, а 11%  рекле дека ги малтретирале другите. Во Шкотска, каде беа анкетирани повеќе од 4.300 млади луѓе, 18% рекле дека доживеале сајбер-малтретирање, а 11% рекле дека малтретирале други.

    Во извештајот се вели дека има „итна потреба“ да се едуцираат младите луѓе, семејствата и училиштата за формите на сајбер-малтретирање и неговите импликации. Д-р Ханс Анри П. Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, рече: „Како што социјалниот ангажман на младите луѓе се префрли на онлајн-околината за време на изолацијата во пандемијата на ковид-19, така се чини дека извршувањето и искуството на сајбер-малтретирање се зголемија“.

    „Фокусирањето на виртуелните видови врсничко насилство сега е итен приоритет за заштита на здравјето и благосостојбата на популацијата на адолесценти и млади луѓе, а сајбер-малтретирањето мора да се гледа како главен проблем за општествата. Со оглед на тоа што младите поминуваат до шест часа онлајн секој ден, дури и малите промени во стапките на малтретирање и насилство може да имаат длабоки импликации за здравјето и благосостојбата на илјадници луѓе. Ова е прашање и за здравјето и за човековите права, и ние мора посилно да ги заштитиме нашите деца од насилство и оштетувања, и офлајн и онлајн“ вели д-р Клуге.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира