Семејните прослави на празникот Рамазан Бајрам довеле до наглото ширење на коронавирусот во германскиот град Гетинген, објави „Дојче веле“.
Досега се регистрирани 86 нови случаи на зараза во градот и уште 18 во околината и се верува дека бројките ќе растат. Поради тоа, во изолација се ставени неколку стотици лица кои биле во контакт со заразените. Најголем дел од заразените живеат во станбен комплекс со 700 луѓе и тие во наредните денови треба да бидат тестирани.
Заразата се шири и надвор од Гетинген, затоа што многу луѓе доаѓале на овие прослави од околината, но и од други делови на Германија.
Од градската управа кажале дека поголем дел од учесниците на овие прослави имале потекло од бивша Југославија.