Сенаторот Марко Рубио ќе биде изборот на Доналд Трамп за нов државен секретар на САД, изјавија добро упатени извори, со што тој ќе биде првиот главен американски дипломат со латино потекло. Рубио во изминатите години се залагаше за жестока надворешна политика во однос на геополитичките непријатели на Америка, како Кина, Иран и Куба, но потоа малку ги омекна своите ставови за да бидат повеќе усогласени со оние на Трамп.
Новоизбраниот претседател ги обвинуваше бившите претседатели за водење на Америка во скапи и залудни војни и се залага за повоздржана надворешна политика. Сепак, новата администрација ќе се соочи со многу поопасен и понестабилен свет одошто во 2017, имајќи ги предвид војните во Украина и на Блиски Исток.
Кризата во Украина ќе котира високо во агендата на 53-годишниот Рубио. Тој во неодамнешните интервјуа кажа дека Украина треба да бара договор со Русија, наместо да се фокусира на враќање на целата окупирана територија. Сенаторот од Флорида исто така беше меѓу 15-темина републикански сенатори кои гласаа против пакетот воена помош за Украина од 95 милијарди долари, усвоен во април.
„Јас не сум на страната на Русија, но реалноста е таква што војната во Украина ќе мора да заврши со договор“, кажа неодамна Рубио, кој беше и еден од тројцата кандидати на Трамп за потпретседател.