СЕВЕРНА КОРЕЈА ЈА ФИНАНСИРА НУКЛЕАРНАТА РАКЕТНА ПРОГРАМА СО УКРАДЕНИ КРИПТОВАЛУТИ, ВЕЛИ ИЗВЕШТАЈ НА ОН

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ЈА ФИНАНСИРА НУКЛЕАРНАТА РАКЕТНА ПРОГРАМА СО УКРАДЕНИ КРИПТОВАЛУТИ, ВЕЛИ ИЗВЕШТАЈ НА ОНЛидерот на Северна Кореја во пропагандно видео на државната телевизија. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Северна Кореја има украдено милиони долари во криптовалути со сајбернапади за да ја финансира својата ракетна програма, вели извештај на Обединетите Нации.

    Помеѓу 2020 и 2021 година, севернокорејски хакери украле над 50 милиони долари во криптовалути, откриле истражителите на ОН. Според извештајот, ваквите напади се важен извор на приходи за нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг. Наодите од извештајот се доставени до комитетот за санкции на ОН.

    Најмалку три берзи за криптовалути од Северна Америка, Европа и Азија биле цел на сајбернапади од Северна Кореја.

    Во 2019 година, ОН извести дека Северна Кореја има собрано две милијарди долари за својата програма за оружје за масовно уништување, користејќи софистицирани сајбернапади.

    Северна Кореја е под санкции на ОН поради развојот на нуклеарни и ракетни системи. Но, и покрај санкциите, Северна Кореја продолжува да ја развива оваа инфраструктура.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира