СЕВЕРНА КОРЕЈА ОБЈАВИ КРАЈ НА СИТЕ НУКЛЕАРНИ ТЕСТИРАЊА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ОБЈАВИ КРАЈ НА СИТЕ НУКЛЕАРНИ ТЕСТИРАЊАСмета дека Северна Кореја ја исполнила својата мисија. - Ким Џонг-Ун (Фото: Гети)

    Ким Џонг-Ун објави дека Северна Кореја престанува со сите нуклеарни тестирања и дека ќе ги затвори сите полигони за оваа намена.

    „Почнувајќи од 21 април, Северна Кореја ќе ги прекине сите нуклеарни тестови и лансирања на интерконтинентални балистички проектили. Ја исполнивме нашата мисија“, ги пренесе неговите зборови државната новинска агенција.

    Ким додаде дека натамошни тестирања се непотребни, затоа што нуклеарните способности на Северна Кореја се веќе докажани.

    Неочекуваната изјава дојде додека Северна Кореја се подготвува за историски разговори со Јужна Кореја и САД, кои треба да доведат до целосна денуклеаризација на полуостровот.

    Ким треба да се сретне со својот јужнокорејски колега Мун Џае-Ин следната недела, што ќе биде првата заедничка корејска средба по повеќе од десет години, додека средбата со Доналд Трамп е предвидена за јуни.

    „Ова е многу добра вест за Северна Кореја и за светот, голем напредок“, напиша Трамп на Твитер.

    Портпаролот на претседателот на Јужна Кореја го опиша потегот на Ким како „значаен прогрес“.

    „Ова ќе придонесе да се создадат позитивни услови за успешна секорејска средба“, кажаа од канцеларијата на Мун.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира