ШАКИРА ОДИ НА СУД ЗА ДАНОЧНА ИЗМАМА ВО ШПАНИЈА, ФРИЗЕРИ И ГИНЕКОЛОЗИ МЕЃУ 117 СВЕДОЦИ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ

    ШАКИРА ОДИ НА СУД ЗА ДАНОЧНА ИЗМАМА ВО ШПАНИЈА, ФРИЗЕРИ И ГИНЕКОЛОЗИ МЕЃУ 117 СВЕДОЦИ НА ОБВИНИТЕЛИТЕШакира со своите синови на неодамнешното доделување на Латино Греми награди (Фото: Гети)

    Поп ѕвездата Шакира утре треба да се појави во суд во Барселона под обвинение за даночна измама од 14,5 милиони евра. Ако биде прогласена за виновна, колумбиската пејачка, која сега живее во Мајами со своите две деца, би можела да добие до осум години затвор и парична казна од 24 милиони евра.

    Случајот е заснован на тврдењето дека Шакира од 2012 до 2014 поминала повеќе од шест месеци годишно како жителка на Шпанија, што ја обврзува да ѝ плати данок на државата. За да го докажат нејзиното шпанско жителство, обвинителите повикале 117 сведоци, меѓу кои и фризери, учители по танц, гинеколози, терапевти, студио техничари и нејзиниот возач.

    Пејачката ги обвинува даночните власти дека водат кампања за нарушување на нејзиниот имиџ и дека сакаат од неа да направат пример за другите шпански даночни обврзници.

    Тоа се лажни обвинувања. Како прво, во тоа време не поминував 183 дена годишно во Шпанија. Бев зафатена со моите професионални ангажмани низ светот. Како второ, платив сѐ што должев, така што не сум должна ништо. Шпанија не беше извор на моите приходи, но тие сепак ги сакаат моите пари“, изјави Шакира.

    Таа наводно одбила вонсудска спогодба, па се очекува судењето да трае најмалку до 14 декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира