ШЕФОТ НА НАЈГОЛЕМАТА РУСКА БАНКА ВЕЛИ ДЕКА НА РУСИЈА ЌЕ Ѝ БИДАТ ПОТРЕБНИ 10 ГОДИНИ ДА ЗАКРЕПНЕ ОД САНКЦИИТЕ

    ШЕФОТ НА НАЈГОЛЕМАТА РУСКА БАНКА ВЕЛИ ДЕКА НА РУСИЈА ЌЕ Ѝ БИДАТ ПОТРЕБНИ 10 ГОДИНИ ДА ЗАКРЕПНЕ ОД САНКЦИИТЕ„Голем дека од економијата е под закана“, вели директорот на „Сбербанк“ Греф. - Греф на состанок со Путин (Фото: Твитер/Кремљ)

    На руската економија ќе ѝ биде потребна деценија за да закрепне од строгите санкции кои што ѝ беа наметнати по инвазијата на Украина, вели шефот на најголемата руска банка „Сбербанк“.

    Враќањето на нивото од пред санкциите може да потрае 10 години бидејќи земјата е отсечена од половина од трговијата што ја имаше, кажа Херман Греф, извршен директор и претседател на управниот одбор на „Сбербанк“.

    Според него, земјите кои ги прекинаа своите врски со Русија се одговорни за 56 отсто од рускиот извоз и 51 отсто од рускиот увоз, што предизвикува значителна штета на руската економија.

    „Тоа е закана од 15 отсто за бруто домашниот производ на земјата. Голем дека од економијата е под закана“, кажа Греф, зборувајќи на меѓународниот економски форум во Санкт Петерзбург.

    Како резултат на санкциите и „ако не направиме ништо, ќе ни биде потребна цела деценија за да ја вратиме економијата на нивото од 2021 година“, додаде Греф.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира