ШЕФОТ НА „ОПЕНАИ“ ГО ПОФАЛИ НОВИОТ ЕВТИН КИНЕСКИ ЧЕТБОТ КАКО ИМПРЕСИВЕН, ТРАМП КАЖА ДЕКА ОВА Е ДОБРО И ЗА САД

    ШЕФОТ НА „ОПЕНАИ“ ГО ПОФАЛИ НОВИОТ ЕВТИН КИНЕСКИ ЧЕТБОТ КАКО ИМПРЕСИВЕН, ТРАМП КАЖА ДЕКА ОВА Е ДОБРО И ЗА САД„ДипСик“ тврди дека го развил својот четбот Р1 за само шест милиони долари (Фото: Гети)

    Шефот на „ОпенАИ“, Сем Алтман, изјави дека новиот кинески четбот е импресивен, а Доналд Трамп кажа дека тоа е повик за будење за американските технолошки компании откако фирмата „ДипСик“ предизвика паника и потоп на берзите со својот, наводно евтин производ со вештачка интелигенција.

    ДипСик“ тврди дека го развил својот четбот Р1 за само шест милиони долари, при што користел чипови на „Енвидија“ со пониска способност. Р1 стана најсимнуваната бесплатна апликација во САД само една недела откако беше лансирана.

    Р1 е импресивен модел, особено имајќи предвид што може да испорача за цената. Но, ние сме возбудени што ќе продолжиме со нашите истражувања и веруваме дека повеќе пресметување сега е поважно од кога било за да успееме во нашата мисија“, изјави Алтман.

    Трамп кажа дека подемот на „ДипСик“ е повик за будење за американската технолошка индустрија, но и добра вест за САД.

    Ова може да биде позитивно за Америка. Ова покажува дека можете да го направите поевтино, за помалку и да го добиете истиот краен резултат. Мислам дека тоа е добро за нас, но не сум загрижен за овој напредок. САД ќе останат доминантен играч на пазарот“, кажа Трамп, кој минатата недела претстави проект за развој на вештачка интелигенција вреден 500 милијарди долари.

    Лансирањето на Р1 во еден момент избриша еден трилион долари од водечкиот американски технолошки индекс „Насдак“, при што акциите на производителот на чипови „Енвидија“ изгубиле рекордни 600 милијарди долари од пазарната вредност.

    Вештачката интелигенција би требала да им биде достапна на сите“, кажа шефот на „ДипСик“, Лијанг Венфенг, додавајќи дека јазот помеѓу кинеската и американската ВИ е само една до две години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира