ШЕФОТ НА ТЕЛЕГРАМ ПАВЕЛ ДУРОВ ПУШТЕН СО КАУЦИЈА ОД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА И НЕ СМЕЕ ДА ЈА НАПУШТА ФРАНЦИЈА

    ШЕФОТ НА ТЕЛЕГРАМ ПАВЕЛ ДУРОВ ПУШТЕН СО КАУЦИЈА ОД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА И НЕ СМЕЕ ДА ЈА НАПУШТА ФРАНЦИЈАДуров бил уапсен во врска со истрага за криминални активности на неговата платформа (Фото: Гети)

    Француски судија го стави шефот на Телеграм, Павел Дуров, под формална истрага во рамките на истрагата за организиран криминал на оваа платформа, но нема да оди во затвор ако плати кауција од пет милиони евра. Тој исто така мора да се јавува во полиција двапати неделно и не смее да ја напушти Франција.

    Судската одлука дојде четири дена откако Дуров беше уапсен на аеродром близу Париз.

    Во Франција, ставање под формална истрага не значи вина, ниту нужно води кон судење, но укажува на тоа дека судиите сметаат дека има доволно причини да продолжи истрагата за случајот.

    Француските обвинители пред два дена кажаа дека Дуров бил уапсен во врска со истрага за криминални активности на платформата и поради недостиг на соработка со властите. Париската обвинителка Лора Бекуо изјави дека истрагата против Телеграм се однесува на незаконски трансакции, сексуално злоставување деца, измама и одбивање да се соопштат информации на властите.

    Дуров, кого често го нарекуваат руски Марк Закерберг, ја напуштил Русија во 2014 откако одбил да ги затвори опозициските групи на својата социјална мрежа ВК. Тој подоцна бил принуден да ја продаде ВК, по што се фокусираше на Телеграм, што ја покренал со својот брат Николај во 2013.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира