ШЕФОТ НА „ВАГНЕР“ ГО ОБВИНИ ВОДСТВОТО НА РУСКАТА ВОЈСКА ЗА ПРЕДАВСТВО ЗАШТО НЕ МУ ДАВААТ МУНИЦИЈА

    ШЕФОТ НА „ВАГНЕР“ ГО ОБВИНИ ВОДСТВОТО НА РУСКАТА ВОЈСКА ЗА ПРЕДАВСТВО ЗАШТО НЕ МУ ДАВААТ МУНИЦИЈАЕвгени Пригожин добиваше сè поистакната јавна улога како што одминуваше војната во Украина (Фото: АП)

    Шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, кажа дека заповедниците на руската војска одбиваат да ја снабдуваат неговата група со муниција и се обидуваат да ја уништат, обвинувајќи ги за предавство.

    Платеничката војска на Пригожин, кој регрутираше борци во руските затвори, игра клучна улога во повеќемесечните руски напори за освојување на Бахмут. Оваа битка истовремено ги откри тензиите помеѓу „Вагнер“ и руската војска, иако Кремљ негира дека постои спор.

    Началникот на генералштабот и министерот за одбрана наоколу даваат наредби да не му се дава муниција на ‘Вагнер‘, но и да не му се помага со транспортот. Оваа директна опозиција не е ништо друго туку обид да се уништи ‘Вагнер‘. Тоа е рамно на високо предавство“, кажа Пригожин, кој ги обвини руските воени заповедници и дека не им даваат лопати за копање ровови.

    Руското министерство за одбрана демантираше дека ги ограничува испораките на муниција за доброволците на фронтот, но не ги спомна директно обвинувањата од Пригожин.

    Сите барања за муниција за напаѓачките единици ќе бидат исполнети што е можно побрзо. Лажни се вестите дека во руската војска има недостиг на муниција“, соопшти министерството.

    Пригожин добиваше сè поистакната јавна улога како што одминуваше војната во Украина, но постојат назнаки дека Кремљ сака да го скроти неговото влијание, па неодамна му го одзеде правото да регрутира борци меѓу затвореници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира