Генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви и извршната шефица на вестите Дебора Тарнес поднесоа оставки поради документарец во кој бил монтиран говор на Доналд Трамп.
За Би-Би-Си се врзуваат низа обвинувања дека не успеал да одржи политичка неутралност во своето известување, вклучително и околу Трамп, војната помеѓу Израел и Хамас и трансродови прашања. Во изминатите денови „Дејли телеграф“ известуваше за интерен документ изработен од поранешен советник на Би-Би-Си, во кој биле наведени низа грешки, вклучително и начинот на кој бил монтиран говорот на Трамп од 6 јануари 2001.
Документот сугерираше дека водечката програма „Панорама“ монтирала два дела од говорот на Трамп за да изгледа како тој да ги охрабрува немирите во американскиот Конгрес во јануари 2021.
„Ова е целосно моја одлука. Останувам многу благодарен на претседателот и управниот одбор за нивната непоколеблива и едногласна поддршка во текот на целиот мој мандат“, рече Дејви, признавајќи дека имало некои грешки.
Трамп во документарецот на Би-Би-Си беше прикажан како им вели на своите поддржувачи „ќе одиме пеш до Капитол“ и „пеколно ќе се бориме“, иако втората изјава ја кажа во друг дел од својот говор.
Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, во петокот го опиша Би-Би-Си како „100% лажни вести“ и „пропагандна машина“.



