ШЕСТМИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО БОЛНИЦА ВО ЧЕШКИОТ ГРАД ОСТРАВА

    ШЕСТМИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО БОЛНИЦА ВО ЧЕШКИОТ ГРАД ОСТРАВАПолицијата објави дека напаѓачот се самоубил три часа по нападот (Фото: Твитер)

    Најмалку шест луѓе се убиени во пукањето што утрово се случи во болница во чешкиот град Острава.

    Напаѓачот избегал од местото на злосторството и беше пронајден мртов три часа подоцна во својот автомобил. Полицијата објави дека се самоубил.

    Според локалните медиуми, пукањето се случило на трауматолошката клиника во рамките на болницата, која сега е целосно затворена. Тој пукал во своите жртви одблиску во преполната чекалница.

    „Мотивите за нападот засега не се познати. За жал, изгубени се повеќе животи“, изјави министерот за внатрешни работи Јан Хамачек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира