ШЈИ И ПУТИН СНИМЕНИ КАКО РАЗГОВАРААТ ЗА БЕСМРТНОСТ И ПРЕСАДУВАЊЕ ОРГАНИ

    ШЈИ И ПУТИН СНИМЕНИ КАКО РАЗГОВАРААТ ЗА БЕСМРТНОСТ И ПРЕСАДУВАЊЕ ОРГАНИШји е на власт 13, а Путин 25 години и засега не покажуваат знаци на отстапување (Фото: АП)

    Кинескиот претседател Шји Џинпинг и рускиот лидер Владимир Путин се снимени како разговараат за бесмртност и пресадување органи на маргините на вчерашната воена парада во Пекинг. Путин може да се слушне како вели дека е можно да се постигне бесмртен живот благодарение на иновациите во биотехнологијата, според преводот на неговите забелешки фатени на микрофон.

    Овој момент е фатен во преносот на кинеската државна телевизија, додека Шји, Путин и Ким Џонг Ун шетаат заедно по плоштадот Тјенанмен. Шји е на власт 13, а Путин 25 години и засега не покажуваат знаци на отстапување.

    Кинескиот претседател ја искористи парадата за Денот на победата за да ја претстави својата визија за иднината на светскиот поредок, но овој приватен разговор ја покажува другата страна на светските лидери.

    Во минатото било ретко да се живее над 70 години, а овие денови човек сѐ уште е дете на 70 години“, кажа Шји, на што се надоврза Путин:

    Со равојот на биотехнологијата, човечките органи можат континуирано да се трансплантираат и луѓето можат да живеат сѐ помлади и помлади и дури да постигнат бесмртност“.

    Шји на ова забележува дека „се предвидува оти постои шанса луѓето во овој век да живеат до 150 години“.

    Путин подоцна дал слични изјави и за руските медиуми.

    Современите методи на закрепнување, медицинските методи, па дури и хируршките методи за замена на органи му овозможуваат на човештвото да се надева дека активниот живот ќе трае подолго отколку што трае денес. Просечната возраст е различна во различни земји, но очекуваниот животен век значително ќе се зголеми“.

    Вчерашната парада беше првпат кинескиот, рускиот и севернокорејскиот лидер да се појават заедно во јавност, што некои набљудувачи го оценија како порака до западните земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира