ШТАЈНМАЕР ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГЕРМАНИЈА СО ОГРОМНО МНОЗИНСТВО ГЛАСОВИ

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Берлин,(АП)

    ШТАЈНМАЕР ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГЕРМАНИЈА СО ОГРОМНО МНОЗИНСТВО ГЛАСОВИ

    Германското парламентарно собрание го избра со огромно мнозинство Франк Валтер Штајнмаер за нов претседател на државата.

    Штајнмаер, кој беше министер за надворешни работи, е избран со 931 глас од 1260 можни гласови. За претседател на Сојузна република Германија гласаат 630-те пратеници во Бундестагот и исто толку преставници на 16-те сојузни држави.

    Функцијата германски претседател има многу мала извршна моќ, но се смета за многу важен морален авторитет.

    Штајнамер е социјалдемократ, но ја има поддршката од канцеларката Ангела Меркел во голема коалиција помеѓу нејзината центродесничарска партија и останатите центролевичарски партии.

    Парламентарните избори во Германија се одржуваат во септември оваа година. Канцеларката Ангела Меркел ќе се бори за четврт мандат. Социјалдемократите го номинираа доскорешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц како нејзин политички противник.

    Двете партии се надеваат дека по септемвриските избори ќе се ослободат од прегратката на големата коалиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира