СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,7 СТЕПЕНИ И МАЛО ЦУНАМИ ПОМЕЃУ БОДРУМ НА ТУРСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ И ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ КОС И РОДОС

    СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,7 СТЕПЕНИ И МАЛО ЦУНАМИ ПОМЕЃУ БОДРУМ НА ТУРСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ И ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ КОС И РОДОСПоплавен хотел во Мармарис, каде што по земјотресот се појавило и мало цунами (аматерска фотографија од британски турист на твитер)

    Силен земјотрес, кој според првичните мерења бил со интензитет од 6,7 степени по Рихтеровата скала го погоди подрачјето во Егејско море помеѓу турскиот туристички центар Бодрум и грчките острови Кос и Родос.

    Локалните медиуми јавуваат дека луѓето се на улиците, а засега нема информации за евентуални жртви или повредени.

    Земјотресот се случил во 1 часот и 31 минута по полноќ.

    Градоначалникот на Бодрум Мехмед Кочадон во изјава за Хуриет рекол дека сè уште е рано да се прават проценки на штетите.

    Туристи на социјалните мрежи постираа слики од поплавени крајбрежни хотели и луѓе што се кријат под масите. Тие раскажуваат дека на плажите водата се дигнала за триесетина степени, а потоа имало и мало цунами кое предизвикало поплава во хотелите покрај плажите.

    Според  непотврдени извештаи, била евакуирана и болницата во Бодрум.

    Слики од изместени лежалки на плажите постираа и туристи од Родос и Кос во Грција.

    Во Бодрум и околината на некои места снемало вода и струја.

    Земјотресот се почувствувал и во Измир и во туристичкото одмаралиште Фетие, како и во космополитското Мармарис кое што е популарно и кај македонските граѓани, како и на островите од групата Додеканези околу Кос и Родос.

    По главниот удар, кој според сведоштвата траел 30-тина секунди, забележани се уште неколку силни, но поумерени земјотреси со јачина од 5,1 и 4,6 степени.

    Сеизмолозите изјавиле дека можно е да нема урнатини на брегот затоа што епицентарот бил под море и водата го амортизира главниот удар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира