СИЛНИ ВЕТРОВИ ГО ПАРАЛИЗИРАА ПЕКИНГ, ОТКАЖАНИ СТОТИЦИ ЛЕТОВИ И ВОЗОВИ, ВЛАСТИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА ЛУЃЕТО ПОЛЕСНИ ОД 50 КИЛОГРАМИ МОЖАТ ДА БИДАТ ОДДУВАНИ

    СИЛНИ ВЕТРОВИ ГО ПАРАЛИЗИРАА ПЕКИНГ, ОТКАЖАНИ СТОТИЦИ ЛЕТОВИ И ВОЗОВИ, ВЛАСТИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА ЛУЃЕТО ПОЛЕСНИ ОД 50 КИЛОГРАМИ МОЖАТ ДА БИДАТ ОДДУВАНИИако некои стари дрвја беа зајакнати или исечени како подготовка, речиси 300 дрвја веќе се паднати во главниот град. (Фото: Веибо)

    Силни ветрови со брзина до 150 километри на час го погодија Пекинг и северна Кина во саботата, предизвикувајќи откажување на стотици летови и прекин на железничкиот сообраќај. Ова се најсилните ветрови регистрирани во кинескиот главен град во повеќе од половина век.

    Според новинската агенција „Ројтерс“, до 11:30 часот по локално време во саботата, откажани биле 838 летови на двата главни аеродроми во Пекинг. Властите издадоа портокалово предупредување за силни ветрови, прво во последната деценија, и ги повикаа милионите жители да останат во своите домови и да избегнуваат непотребни патувања. Некои државни медиуми дури предупредија дека луѓето со тежина помала од 50 килограми може лесно да бидат „оддувани“.

    Се очекува ветровите, кои доаѓаат од систем на студен вртлог над Монголија, да продолжат и во текот на викендот. Поради невремето, затворени се атракции и историски локалитети, како и паркови. Иако некои стари дрвја беа зајакнати или исечени како подготовка, речиси 300 дрвја веќе се паднати во главниот град, при што се оштетени повеќе возила, но нема извештаи за повредени.

    Железничките услуги, вклучително и експресната линија до аеродромот и некои брзи линии, се суспендирани.

    „Сите во Пекинг беа навистина нервозни поради тоа. Денес речиси и да нема луѓе на улиците. Сепак, не беше толку сериозно како што замислував“, изјавил локален жител за Ројтерс.

    Бизнисмен од провинцијата Жеџијанг останал заглавен во Пекинг откако му бил откажан летот.

    „Поради силните ветрови, сите летови закажани за синоќа и денес беа откажани. Веројатно ќе го презакажам летот за неколку дена. Сега сум заглавен во Пекинг“, рекол тој.

    Кина ја мери брзината на ветерот на скала од 1 до 17. Според Кинеската метеоролошка администрација, ветер од 11. ниво може да предизвика „сериозна штета“, додека ветер од 12. ниво носи „екстремно уништување“. Ветровите овој викенд се очекува да се движат од 11. до 13. ниво, а условите се очекува да се подобрат до недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира