БРАНОВИ УРИВАА ТЕРАСИ ДО ТРЕТИ КАТ ВО СИЛНО НЕВРЕМЕ НА ТЕНЕРИФЕ

    БРАНОВИ УРИВАА ТЕРАСИ ДО ТРЕТИ КАТ ВО СИЛНО НЕВРЕМЕ НА ТЕНЕРИФЕБранови високи над десет метри уриваа тераси од згради во Меса дел Мар

    Тенерифе го погоди најсилното невреме во последните 40 години, при што властите наредија затворање на туристички области, откако големи бранови оштетија домови и хотели.

    Драматични снимки од невремето покажуваат десетина метри високи бранови како во Меса дел Мар, популарно место меѓу британските туристи, удираат во згради до нивото на трет спрат.

    Властите прогласија вонредна состојба во некои туристички области (Фото: ЕПА)

    Десетици локални жители и туристи се евакуирани, а повеќе од десет ресторани, барови и продавници се целосно уништени, јавуваат тамошни медиуми. Некои постари жители велат дека силината на невремето е дури поголема од она во 1987 година, кога имаше двајца загинати.

    Градоначалникот Алваро Давила изјави дека во селото Меса дел Мар се евакуирани 65 домови, откако големи бранови урнаа тераси од згради. Нема информации дека некој е повреден.

    Ова уследи откако локалните власти издадоа предупредување дека силно невреме би можело да ги погоди северот на Тенерифе и други делови на Канарските Острови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира