„СИНГАПУР ЕРЛАЈНС“ ЌЕ ИМ ПЛАТИ ПО 10.000 И 25.000 ДОЛАРИ НА ПАТНИЦИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО АВИОНОТ КОЈ БЕШЕ ПОГОДЕН ОД ТУРБУЛЕНЦИЈА

    „СИНГАПУР ЕРЛАЈНС“ ЌЕ ИМ ПЛАТИ ПО 10.000 И 25.000 ДОЛАРИ НА ПАТНИЦИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО АВИОНОТ КОЈ БЕШЕ ПОГОДЕН ОД ТУРБУЛЕНЦИЈААвионот принудно слета во Бангкок по несреќата (Фото: АП)

    Сингапур ерлајнс“ им понуди компензација на патниците кои беа повредени на летот Лондон-Сингапур кој беше погоден од силна турбуленција минатиот месец, при што почина еден маж.

    Авиокомпанијата ќе им плати по 10.000 долари на оние кои имале мали повреди, а оние со посериозни повреди ќе добијат по 25.000 долари.

    Седумдесет и тригодишен патник од Велика Британија почина, а десетици луѓе беа повредени откако нивниот авион беше погоден од екстремна турбуленција додека леташе над Мјанмар, по што принудено слета во Бангкок. Од „Сингапур ерлајнс“ засега не потврдија колку точно патници ќе добијат обесштетување, но повеќе од 100 луѓе завршија во болница по принудното слетување.

    Раната истрага покажа дека авионот со 211 патници и 18 членови на екипажот нагло се кренал и спуштил, паѓајќи за околу 55 метри во рок од 4,6 секунди. Очевидците раскажаа дека оние кои не биле врзани удриле со главите во просторот за багаж над нив. Од болницата во Бангкок кажаа дека лекувале повреди на рбет, глава и мускули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира