Моџтаба Хамнеи, моќниот син на убиениот врховен водач на Иран, Али Хамнеи, е жив и се издвои како фаворит да ја наследи неговата титула, изјавија два ирански извора за „Ројтерс“.
Според нив, 56-годишниот Моџтаба не ни бил во Техеран за време на нападот во кој беа убиени и сопругата на Али Хамнеи, друг негов син и неколкумина ирански воени и политички водачи.
Иран кажа дека Собранието на експерти наскоро ќе го објави името на новиот врховен водач, што ќе се случи само вторпат од Исламската револуција во 1979. Али Хамнеи беше на власт од 1989 година.
„Блиску сме до заклучок да го идентификуваме новиот врховен водач. Сепак, ситуацијата во земјата е воена“, изјави пратеникот во Собранието, Ахмад Хатами.
Израел се закани дека и новиот врховен водач на Иран ќе биде мета за елиминација.
Иран го одложи државниот погреб на Али Хамнеи. Тридневната церемонија требаше да почне денеска. Новиот термин засега не е објавен.



