СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ ПОКАЖАТ ДАЛИ ПУТИН СЕРИОЗНО САКА МИР ВО УКРАИНА, КАЖА РУБИО ПРЕД РАЗГОВОРИТЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА

    СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ ПОКАЖАТ ДАЛИ ПУТИН СЕРИОЗНО САКА МИР ВО УКРАИНА, КАЖА РУБИО ПРЕД РАЗГОВОРИТЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈАРубио не можеше да каже кој ќе биде во руската делегација во Ријад (Фото: Гети)

    Државниот секретар на САД Марко Рубио кажа дека следните неколку дена ќе покажат колку е сериозен Владимир Путин кога вели дека сака мир во Украина. Тој ќе биде дел од висока американска делегација која ќе разговара со руски функционери во Саудиска Арабија, со што почнуваат мировните разговори за Украина, која не е поканета на оваа средба.

    Рубио негираше дека Европа е исклучена од почетните разговори помеѓу Русија и САД, откако европски функционери добиле прашалник од САД поврзан со иден мировен договор. Сепак, ниедна европска држава не е поканета во Саудиска Арабија, каде што, покрај Рубио, САД ќе ги претставуваат и советникот за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот претставник за Блиски Исток, Стив Виткоф.

    Претседателот Трамп збореше со Владимир Путин оваа недела и Путин пројавил интерес за мир. Трамп ја искажа својата желба за крај на војната што ќе биде траен и ќе го штити суверенитетот на Украина. Сега треба да го видиме тоа во пракса и следните неколку дена и недели ќе покажат дали Путин бил сериозен или не. Еден телефонски повик не прави мир“, кажа Рубио.

    Тој не можеше да каже кој ќе биде во руската делегација во Ријад.

    Во исто време, во Париз ќе се одржи вонреден самит на европските лидери, на кој теми ќе бидат Украина и новиот однос на САД кон неа и Европа. Емануел Макрон кажа дека тоа ќе бидат консултациски разговори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира