СМРТТА НА НОВИНАРОТ КАШОГИ Е УБИСТВО, НО НЕ Е НАРЕДЕНО ОД ПРИНЦОТ, КАЖА САУДИСКА АРАБИЈА

    СМРТТА НА НОВИНАРОТ КАШОГИ Е УБИСТВО, НО НЕ Е НАРЕДЕНО ОД ПРИНЦОТ, КАЖА САУДИСКА АРАБИЈАСаудијците уште еднаш ја сменија приказната за судбината на Џамал Кашоги (Фото: Гети)

    Саудиска Арабија призна дека смртта на новинарот Џамал Кашоги е убиство, додавајќи дека тоа било своеволна операција.

    Министерот за надворешни работи Адел ал-Џубеир кажа дека овој чин е „незамислива грешка“ и демантираше дека моќниот принц Бин Салман го наредил убиството.

    Саудијците досега даваа контрадикторни изјави за судбината на Кашоги, кој последен пат беше виден на 2 октомври, на влегување во саудискиот конзулат во Истанбул. Тие прво кажаа дека Кашоги неповреден си заминал од конзулатот, но во петокот признаа дека е мртов, откако, наводно, загинал во тепачка со лица кои го чекале внатре.

    Турските власти од старт тврдеа дека тој е убиен во конзулатот, изнесувајќи како доказ аудиоснимки.

    „Посветени сме да ги дознаеме сите факти и да ги казниме оние кои се одговорни за убиството. Поединците кои го направија тоа делуваа на своја рака. Тука очигледно е направена огромна грешка, која потоа се обидоа да ја прикријат“, изјави Ал-Џубеир.

    Тој додаде дека не знае каде е телото на Кашоги и дека принцот Бин Салман наредил истрага.

    „Дури и челниците на разузнавачките служби не биле свесни за ова“, кажа тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира