СНЕГОТ ГО ЗАТРУПА ГЛАВНИОТ ГРАД НА КАМЧАТКА, НАНОСИТЕ ВИСОКИ НАД ТРИ МЕТРИ

    СНЕГОТ ГО ЗАТРУПА ГЛАВНИОТ ГРАД НА КАМЧАТКА, НАНОСИТЕ ВИСОКИ НАД ТРИ МЕТРИГолемиот интензитет на бурата го парализираше Петропавловск Камчатски (Фото: ТАСС)

    Моќна снежна бура го погоди полуостровот Камчатка на Далечниот Исток на Русија, затрупувајќи улици и домови со огромни купишта снег. Локалните жители ја опишуваат ситуацијата како „снежна апокалипса“.

    (Фото: Икс)

    Обилни снежни врнежи не се невообичаени на Камчатка, но големиот интензитет на бурата го парализираше тамошниот главен град Петропавловск Камчатски, каде што загинаа најмалку две лица, објавија руските медиуми. Наносите достигнале височина од три метри, а на некои места и повисоко, поради што властите прогласија вонредна состојба и ги затворија училиштата и јавниот превоз.

    Руското Министерство за вонредни ситуации сподели видео на социјалните мрежи, на кое се гледаат спасувачи како копаат низ купишта снег за да стигнат до постари жители заробени во своите домови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира