СНИМАТЕЛ НА „ФОКС ЊУЗ“ И УКРАИНСКА НОВИНАРКА УБИЕНИ КАЈ КИЕВ

    СНИМАТЕЛ НА „ФОКС ЊУЗ“ И УКРАИНСКА НОВИНАРКА УБИЕНИ КАЈ КИЕВ„Фокс њуз“ соопшти дека Пјер Закшевски често работел во воени зони (Фото: Гети)

    Снимателот на „Фокс њуз“, Пјер Закшевски, загина, додека неговиот колега новинар Бенџамин Хол е ранет во Украина, потврди американската ТВ-мрежа на својот сајт. Украинските медиуми објавија дека во инцидентот во близина на Киев загинала и украинската новинарка Олександра Кувшинова.

    „Закшевски и Кувшинова починале како последица на гранатирањето на руските сили во селото Горенка“, објави сајтот „кп.уа“.

    „Фокс њуз“ соопшти дека 55-годишниот Закшевски често работел во воени зони, вклучувајќи ги Ирак, Авганистан и Сирија.

    Ова следува само два дена откако во градот Ирпин загина американскиот филмаџија и новинар Брент Рено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира