СОПРУГОТ НА БИВШАТА МИНИСТЕРКА НА ТРАМП, КРИСТИ НОЕМ, ИМ ПРАЌАЛ НА ДРУГИ ЖЕНИ ФЕТИШ ФОТОГРАФИИ НА КОИ НОСИ ГОЛЕМИ ВЕШТАЧКИ ГРАДИ

    СОПРУГОТ НА БИВШАТА МИНИСТЕРКА НА ТРАМП, КРИСТИ НОЕМ, ИМ ПРАЌАЛ НА ДРУГИ ЖЕНИ ФЕТИШ ФОТОГРАФИИ НА КОИ НОСИ ГОЛЕМИ ВЕШТАЧКИ ГРАДИБрајон и Кристи Ноем се во брак повеќе од 30 години (Фото: Гети)

    Доналд Трамп реагираше откако во јавноста се појавија фетиш фотографии од сопругот на поранешната министерка за внатрешна безбедност Кристи Ноем, на кои е прикажан облечен како жена додека комуницира со неколку жени. Фотографиите се дел од стотици пораки помеѓу Брајон Ноем и три жени, до кои дојде весникот „Дејли мејл“.

    Брајон, кој е татко на три деца, на фотографиите може да се види во секси розова долна облека и тесни маици, под кои има огромни, вештачки гради. Тие се дел од фетиш наречен бимбофикација, кој се фокусира на хиперсексуален, преувеличен физички изглед. Лицето на Брајон Ноем е јасно видливо на некои фотографии.

    Фотографиите се дел од стотици пораки помеѓу Брајон Ноем и три жени (Фото: Дејли мејл)

    Трамп изјави дека не ги видел фотографиите, но и дека е изненаден што семејството Ноем ја потврдило нивната автентичност.

    „Го потврдија тоа? Жал ми е за семејството ако е така, тоа е штета. Не сум видел ништо. Не знам ништо за тоа“, рече Трамп.

    Портпаролот на Кристи Ноем изјави дека таа е скршена од ова откритие.

    „Семејството беше изненадено од ова и во овој момент бара приватност и молитви“, рече портпаролот.

    Иако двојката е во брак повеќе од 30 години, „Фокс њуз“ претходно објави за наводна афера помеѓу Кристи Ноем и нејзиниот советник Кори Левандовски, што придонесе за нејзиното отпуштање од функцијата во Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира