Социјалистичката партија на премиерот Педро Санчес победи на третите парламентарни избори во Шпанија во последните четири години, покажуваат излезните анкети, но ќе има проблеми да состави влада.
Владејачката партија освоила 28,1% гласови, објави државната телевизија РТВЕ, додека опозициската Народна партија со 17,8% се соочува со својот најлош резултат досега.
Крајната десница за првпат влегува во парламент, откако за партијата Вокс гласаа 12,1% избирачи.
Дури пет национални партии се борат за удел во власта, при што на левичарската Подемос ѝ се предвидува дека ќе освои 16,1%, а на Граѓани, која му припаѓа на десниот центар, 14,4% гласови. Во сегашните услови, и доколку Социјалистите коалицираат со Подемос, повторно нема да го имаат потребното мнозинство од 176 пратеници.